In the frame of this year’s RoboMac competition, a new category called RoboMac Junior will be introduced, where high school students from Macedonia will participate. The goal is to increase their interest in robotics, artificial intelligence and the give them an insight into the engineering world.

During the main competition that takes place from the 18th to 23rd March, in parallel with the senior categories, 40 high school students will participate. Aside from the competitive part, this event will be of educational nature, since professors and experts from the field will hold lectures where basic knowledge and principles about robotics will be learned. The advantages are gaining knowledge from the lecturers, as well as from other competitors, team work and a chance to work with real robots.

The students will compete in programming and controlling the educational robots eduRobot from Atronika, with the goal of autonomous maneuvering through a track with obstacles. The work will be divided into a few phases including getting familiar with the robots and their software, assembling of the kits and finally programming the robots to get the ready for the final track.

The students who will show exceptional knowledge and interest in the fields of programming and robotics will have a chance to be upgraded to a senior competitor and be able to collaborate and learn from students in the more advanced categories of the event.

 

You can download the final list of participants at RoboMac Junior 2019 here.

You can download the agenda for RoboMac Junior 2019 here.

You can download the list of awarded participants of RoboMac Junior 2019 here.

 

 

Venue:
Laboratory for Automation and System Engineering
ul. Rugjer Boskovic 18
Skopje

Во склоп на овогодишниот натпревар RoboMac за првпат ќе се одржува и категорија Robomac Junior во која ќе учествуваат ученици од средните училишта. Целта е да се зголеми интересот  за роботика и вештачка интелигенција меѓу средношколците во Македонија.

Во натпреварот, кој ќе се одржи од 18 до 23 март паралелно и во истите простории со главниот натпревар на RoboMac, ќе учествуваат околу 40 средношколци. Освен натпреварувањето, овој настан ќе има и едукативен карактер бидејќи професори и експерти ќе одржат предавања во кои ќе се изучат основни знаења и принципи на роботиката. Предностите се можноста за споделување на знаења, како со наставниците така и со другите натпреварувачи, тимска работа, и можност за работа со вистински роботи.

Учениците ќе се натпреваруваат во програмирање и управување на едукативни роботи eduRobot на Atronika, а целта ќе биде роботите самостојно да изминат патека со пречки. Ќе се работи во неколку фази и тоа запознавање со роботите и софтверот потребен да се испрограмираат истите, склопување на комплетите, и програмирање на роботите со што тие ќе се подготват за натпревар на финалната патека.

За учениците кои ќе покажат пошироки познавања во полето на програмирање и роботика има можност за вклучување во главните натпревари на Robomac, што пак ќе значи натпреварување, соработка и учење со студенти од понапредните категории на настанот.

 

Конечниот список на учесници за RoboMac Junior 2019 може да се преземе тука.

Агендата за Robomac Junior 2019 може да се преземе тука.

Листата награди учесници на RoboMac Junior 2019 може да се преземе тука.

 

 

Локација на настанот:
Лабораторија за автоматика и системско инженерство
ул. Руѓер Бошковиќ 18
Скопје